Регион 03. декември 2019. / 09:58

Косово и енергетски се одвои од Србија и се приклучи кон Албанија

Косово и енергетски се одвои од Србија и се приклучи кон Албанија

Косовските и албански електродистрибутери КОСТТ и ОСТ воспоставија заеднички енергетски состав со кој ќе се стави крај на десетгодишната зависност на Косово од електромрежата на Србија, пренесуваат косовските медиуми.

Договорот е потпишан со знаење на Европската мрежа на оператори за пренос на електрична енергија (ЕНТСО), а се очекува да стапи на сила во април 2020 година.

Официјален Белград се уште не ја коментира информацијата.

Извршниот директор на КОСТТ, Илир Шала истакна дека со потпишувањето на договорот „Косово се откачи од Електромрежата на Србија (ЕМС) и стана дел од ОСТ.

– Ова е историски договор за Косово и КОСТТ, бидејќи до сега како КОСТТ бевме во рамки на регулаторниот блок ЕМС (Србија, Црна Гора и Македонија), изјави Шала и додаде дека со потпишување на договорот и неговата примена од април 2020 дефинитивно се одвојуваат од српскиот регулаторен простор и стануваат дел од регулаторниот блок со Албанија.

Генералниот директор на ОСТ, Скедриа Дренове изјави дека договорот „прави поволни услови за опримално користење на произвотствените ресурси внатре во блокот, пренесуваат косовските медиуми.

Косово прогласи независност од Србија во 2008 година.

Белград не ја признава независноста на Косово, но се обврза на нормализирање на односите со Приштина во склоп на пристапувањето кон ЕУ.

Србија и Косово потпишаа во 2015 договор за управување со заедничката електромрежа, но договорот никогаш не стапи на сила.

Двете страни ја присвојуваат мрежата на Косово која е изградена додека Косово беше дел од Србија.