Регион 07. мај 2020. / 11:28

Корона-кризата ја зголеми невработеноста во Словенија за 20 отсто на годишно ниво

Корона-кризата ја зголеми невработеноста во Словенија за 20 отсто на годишно ниво

Бројот на невработени во Словенија во април се зголемил за 19,9 проценти на годишно ниво како резултат на епидемијата на корона вирусот, достигнувајќи рекордно високо ниво за период од три години.

Како што објавува бирото за вработување, бројот на невработени достигнал 88.648, што е за 13,9 отсто повеќе од март.

Словенија досега има пријавено 1.448 случаи на заразени со корона вирусот и 99 смртни случаи.

Бирото за вработување објави и дека бројот на нови понудени работни места во април е намален за 41 процент во однос на март и за 60 проценти во однос на април 2019 година. Повеќето понудени работни места се за во градежниот сектор и за возачи на камиони.

Од средината на март, Словенија ги затвори сите училишта, барови, ресторани, хотели, културни и спортски центри и многу продавници. Исто така, го запре јавниот транспорт и им забрани на луѓето да се собираат на јавни места за да се спречи ширење на вирусот. Многу компании мораа да престанат со работа или го намалија производството поради намалена побарувачка или недостиг на делови.