Регион 15. август 2018. / 22:23

Конечна пресуда за Радован Караџиќ во декември

Конечна пресуда за Радован Караџиќ во декември

Меѓународниот суд во Хаг планира во декември годинава да изрече правосилна пресуда за поранешниот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ. Ова било кажано на денешната расправа за текот на постапката, пренесе БИРН.

Со првостепената пресуда на Хашкиот трибунал од пред две години, на која жалби вложија и одбраната и хашките обвинители, Караџиќ беше осуден на 40 години затвор за геноцид во Сребреница, како и прогон на Бошњаците и Хрватите во Босна и Херцеговина, тероризирање врз жителите на Сараево, напади на цивили и земање заложници. Не е виновен за геноцид во седум општини во Босна и Херцеговина.