Регион 29. јуни 2020. / 13:11

Кон се огласи: Ситуацијата е повторно загрижувачка, есента ќе ни биде предизвик

Кон се огласи: Ситуацијата е повторно загрижувачка, есента ќе ни биде предизвик

Епидемиологот и член на Кризниот штаб Предраг Кон предупредува дека епидемиолошката состојба поради вирусот повторно е загрижувачка во Белград. Тој на својот Фејсбук профил напиша дека поради враќањето на студентите дома, вирусот во јули би можел да се прошири низ цела Србија.

Веројатно наскоро ќе има некои забрани, како што забрана за посета во болници и некои задолжителни мерки како што се носење маски во јавен превоз и во продавници. Најосновно е пропишаните мерки да се спроведуваат. Во спротивно, ќе мора да има казнувања, барем според мое мислење, наведува Кон.

Според неговите зборови, до влошување на состојбата дошло после 5.јуни кога ограничувањата за јавно собирање биле делумно, а подоцна и целосно укинати.

Во јавноста ова влошување на ситуацијата се поврзува и со дербито на Партизан-Sвезда одиграно на 10.јуни, иако новозаболените во Србија не даваат податок дека биле присутно на тоа дерби.

Од Црна Гора повторно стигаат податоци дека повеќе од десетмина новозаболени млади луѓе, биле присутни на ова дерби” наведува тој.

Се напоменува и дека има голем број дневни прегледи на Инфективната клиника, но и дека заразените главно се без симптоми.

Кон наведува дека многумина сметаат дека и изборите кои се спроведоа во Србија , претставуваат голема опасност. Потсетува дека не е стопирана обврската за почитување на дистанцирањето при спортски манифестации, а на трибините да има двојно помал број гледачи.

Само во тој случј треба да се спроведува казнување на клубовите и забрана за играње пред публика што или ќе го реши проблемот или постојано ќе играат пред празен стадион.

За студентите одамна е договорена постапката. Нашата тромавост и успореност овозможи да дојде до пренос на вирусот во оваа популација, наведува Кон.

Тој нагласи дека ќе нема повеќе вонредна состојба, бидејќи Србија тоа не може финансиски да го издржи и не може да се спореди со Франција или Германија во тој поглед.

Дека може да бидеме дисциплинирани, тоа го покажаа старите лица. Повеќе никогаш (ако бидам запрашан) нема да биде затворена постарата популација, освен оние кои се во колективите за нега на стари, бидејќи нема друго решение.

Мислам дека ако и натаму беше потребна вонредна состојба и полициски час како на почетокот, таа немаше да биде неопходна за старата генерација. Сосем е спротивно кога станува збор за помладата генерација, вели Кон.

 

Србија, како што тој наведе, никогаш не го прифати шведскиот модел, но факт е дека покрај моменталното влошување на состојбата имаме и сознанија дека колективниот имунитет многу споро се зголемува и дека не е доволен.

Вистинскиот предизвик најверојатно ни доаѓа наесен. Во меѓувреме, треба да се прошират капацитетите за лекување и изолација, заклучува Кон.