Регион 04. декември 2019. / 16:15

Комшиќ: Се очекува Министерскиот совет на БиХ да се формира до Нова година

Комшиќ: Се очекува Министерскиот совет на БиХ да се формира до Нова година

Претседавачот на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ, од Љубљана порача дека, ако работите се одвиваат како што треба, влада на државно ниво во БиХ ќе се формира пред Нова година.

– Се очекува БиХ да има нов Министерски совет формиран на крајот на оваа година или на почетокот на следната … Јас сум оптимист дека ќе ја завршиме оваа работа како што беше планирано – изјави Комшиќ на заедничката прес-конференција по разговорите со словенечкиот претседател Борут Пахор.

Комшиќ, Шафик Џаферовиќ и Милорад Додик престојуваат во дводневна официјална посета на Словенија.