Сериозен проблем се создаде во нашиот регион, поради шовинистичкото откопување на македонското прашање од радикалните националисти од Бугарија, пишува поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас.
– Поранешниот министер ова го пишува на почетокот од неговата колумна за „Независната балканска новинска агенција“ и објаснува дека „станува збор или за јасни радикални десничари како што е актуелниот министер за одбрана и за некои други бугарски политичари што сакаат да ги поддржат нивната предизборна битка и нивните лични стратегии, јавуваат од МИА од Атина.
Во колумната под наслов „Ставот на бугарскиот шовинизам во македонското прашање“, поранешниот шеф на грчката дипломатија, професор по меѓународни односи и член на движењето „Прато“, Никос Коѕијас пишува за бугарското вето, ги анализира, но и ги критикува барањата и позициите на Софија, а ги коментира и ставовите на дел од грчките десничари и радикални десничари.