Регион 28. октомври 2019. / 14:59

Коцијанчич: Новата влада во Приштина да ги укине таксите за Србија

Коцијанчич: Новата влада во Приштина да ги укине таксите за Србија

Портпаролката на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Маја Коцијанчич, изјави дека новата косовска влада би требало да ги укине таксите од 100 отсто за српските производи со цел да се продолжи дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Според нејзините зборови, за да има продлжување на дијалогот неопходно е да се обезбеди погодно опкружување. Истовремено, Коцијанчич порача и дека и Србија мора да обезбеди погодно опкружување за дијалогот да биде функционален.

Исто така, Коцијанчич, порачува дека ЕУ очекува сите политички актери да останат посветени на тие процеси, коишто се од суштинско значење за Косово, Србија и за иднината на регионот, пренесува „Индексонлајн“.

– Ќе ја продолжиме блиската соработка со државите членки и со нашите меѓународни партнери, вклучувајќи ги и САД. Дијалогот меѓу Белград и Приштина со помош на ЕУ е процес што го воспостави Генералното собрание на ОН и  го поддржаа земјите членки на ЕУ – објасни Коцијанчич.