Регион 23. август 2020. / 20:00

Клуч на хотелите на познатите „Златни песоци“ во Бугарија

Клуч на хотелите на познатите „Златни песоци“ во Бугарија

Хотелите во „Златни песоци“ веќе започнаа да се затвораат поради недостаток на туристи. Некои ќе се затворат оваа недела, додека други веќе го сториле тоа на 15 август, изјави Георги Штерев, претседател на Сојузот на хотелиери на „Златни песоци“, за TravelNews.

Според него, причина за раниот  крај на сезоната е откажување на чартер програмите на германските тур-оператори до Варна.

Во моментов, одморалиштето има претежно Бугари, Романци, а од оваа недела, неколку Израелци. Според Штерев, многу малку хотели ќе останат отворени во септември. Многу хотели и ресторани во одморалиштето не се отворија воопшто оваа сезона, пренесува travelnews.bg.

Во средината на август, Германија ги стави окрузите Варна и Добрич на црвената листа за патување на своите граѓани. Мерката влијаеше на одморалиштата на Златните  Песоци, Свети Константин и Елена и Албена. Од денес, округот Варна е отстранет од списокот, но летовите веќе се прекинати. Чартер програмата, која ги носи гостите во трите комплекси, предвреме беше прекината за еден месец.