Регион 29. декември 2020. / 09:28

Ќе нема дочек на Новата Година во Србија

Ќе нема дочек на Новата Година во Србија

Во Србија годинава, поради пандемијата со корона вирус нема да има организиран пречек на Новата Година.

Кафулињата, рестораните и останатите угостителски објекти на 31. декември и 1. јануари ќе работат до 18 часот, додека продавниците и трговските центри ќе бидат отворени до 20 часот.

Одлуката е донесена синоќа, како што пренесуваат медиумите, едногласно од страна на кризниот штаб за справување со коронавирусот, а за денеска е закажана седница на Владата на која овие мерки ќе бидат усвоени.

Освен овие промени, досегашните мерки ќе важат до 11.јануари, што значи дека на 29. и 30. декември се ќе работи до 20 часот како и од 2. до 11. јануари, одлучил кризниот штаб.

Во последните 24 часа 11.190 граѓани биле тестирани на коронавирус во Србија, од кои 2.559 биле позитивни на вирусот. Починале 43 лица. Има и 288 пациенти на респиратори во болниците низ Србија.