Регион 12. септември 2018. / 13:58

Кинез во Србија претепа 12 годишно дете

Кинез во Србија претепа 12 годишно дете

Дванесетгодишниот И.П од Добоја тешко е повреден, откако во понеделникот брутално бил претепан од кинезот Лин Линсонг кој е сопственик на една кинеска продавница.

Нападот се случил во понеделникот околу 18:30 на улицата „Крал Александар“. Кинезот го соборил детето на земја, а потоа со главата го удирал од метална ограда. Во нападот учествувала и сопругата на Линсонг која дргуо дете удирала со метла.

Таткото на претепаното дете Драган Продиќ вели дека без никаков мотив неговиот син и другарите негови биле нападнати од кинеските државјани, иако понекогаш знаеле децата да се побиваат со сопружниите.

Лин веднаш по оваа случка е приведен во полиција и сослушан.