Регион 25. февруари 2021. / 18:56

Кина испраќа нови 500.000 дози вакцини во Србија

Кина испраќа нови 500.000 дози вакцини во Србија

Претседателот на Народна Република Кина, Си Џинпинг ќе испрати уште 500.000 дози од вакцината „Синофарм” во Србија, беше потврдено денеска за Танјуг.

Оваа голема испорака кинескиот престедател ја договорил со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Како што потенцира Танјуг, вакцините треба да бидат доставени на 5 март, кога е роденден на претседателот на Србија.