Регион 23. ноември 2018. / 14:11

Kилометарска колона на косовски Срби го блокираа излезот од северна Митровица

Kилометарска колона на косовски Срби го блокираа излезот од северна Митровица

Голем број граѓани од српска националност од северна Митровица, како и од други делови на Косово, се упатија на протест кој се организира поради воведувањето такса од 100 отсто на увозите од Србија, но и поради денешните апсења во северна Митровица, јави дописникот на МИА од Приштина.

На излезот од северна Митровица формирана е колона долга неколку километри од граѓани кои се упатија кон Рударе, местото каде што се организира протестот.

Мирни протести се најавени на уште три локации, во Зупче и на граничните премини меѓу Косово и Србија, Јариње и Мердаре.

Забележително е и присуството на припадници на косовската полиција, која го обезбедува протестот.