КФОР утринава потврди дека е во тек операција на Косовската полиција која по налог на Обвинителството во Приштина се одвива на Косово, како и косовските власти и КФОР тврди дека акцијата на северот од покраината се одвива во оквир на борбата против криминалот.
–Операцијата на Косовската полиција се одвива по налог на Обвинителството на територија на цело Косово, не само на северот, и не е вперена против криминалот на Србите, туку против лица обвинети за корупција и криминал – рекол за Танјуг портпаролот на командата КФОР, Винченцо Грасо.
-Ние засега ја следиме ситуацијата, во контакт сме со властите во Приштина, но отворени ни се комуникации со Србија – вели Грасо.
Според неговите зборови, станува збор за полициска акција каква се случувала во минатото, така што КФОР само ја следи ситуацијата.
Тој го искоментирал и стаков на сите српски државници дека КФОР треба да направи нешто по ова прашање.
–За тоа и порано се дискутираше, ни не се мешаме во акцијата на полицијата, додека не ни побараат да интервенираме – рекол Грасо.