Регион 15. март 2020. / 15:28

Казни од 5.000 евра за оние што ќе ги прекршат превентивните мерки во Грција

Казни од 5.000 евра за оние што ќе ги прекршат превентивните мерки во Грција

Целосно затворање на границите со  Македонија, Албанија и Италија, прекинување на авионскиот превоз со Шпанија, забрана за закотвување на крузери на грчките пристаништа, казна од 5.000 евра за граѓаните кои ќе ги прекршат превентивните мерки, се дел од одлуките донесени на денешниот состанок на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со министрите во неговиот кабинет.

Освен прекинување на патното, морското и авионското поврзување со Северна Македонија и Албанија, со исклучок на пренесување на стоки и влез во Грција за оние кои имаат грчко државјанство или живеат во земјата, на состанокот, исто така било одлучено да се прекине морскиот сообраќај со Италија, за патници, прекинување на авионското поврзување со Шпанија.

Дополнително, донесена е одлука дека ќе бидат изречени казни од 5.000 евра за оние граѓани кои демонстрираат антисоцијално однесување, прекршувајќи ги превентивните мерки.

Како што соопштија од кабинетот на Мицотакис, грчкиот премиер стапил во контакт со Архиепископот Јеронимос и побарал Светите Храмови да останат отворени само за индивидуални обреди и за извршување на неопходните обреди, но со минимален број граѓани.