Регион 09. јули 2019. / 12:04

Кавга меѓу „Ер Србија“ и „Адрија Ервејз“: Словенците и Србите се скараа за „државна помош“

Кавга меѓу „Ер Србија“ и „Адрија Ервејз“: Словенците и Србите се скараа за „државна помош“

Како што пренесува Курир.рс, словенечката авиокомпанија „Адрија Ервејз“ се обидува губитоците во своето работење да ги оправда со тоа што ќе се жали пред Европската Унија дека „Ер Србија“ добива помош од државата, а дека всушност тие ги молеле за помош тамошните власти.

Србите обвинуваат дека за да „Адрија Ервејз“ го прикрие сопствениот крах, удрила по српскиот национален авио-превозник „Ер Србија“ и тоа на начин што ги обвиниле „Ер Србија“ пред институциите на ЕУ дека добиваат помош од државата и со тоа ја нарушуваат слободната конкуренција на пазарот.

Ова „тужакање“ Адрија Ервејз, која во 2018 остварила губиток од 6 милиони евра, е уште по лицемерно поради тоа што истата оваа компанија со месеци отворено ја моли владата на Словенија да и даде финансиска помош – пишува Курир.рс .

Како интересен го сметаат и фактот што правниот застапник на Адрија Ервејз, српскиот адвокат Драган Гајин, кој своевремено учествувал во превземањето на „ЈАТ“ од страна на „Етихад“, сега работел против Ер Србија.

Конците во овој случај, ги влече Драган Гајин, кој учествуваше во превземањето на „ЈАТ“ од страна на „Етихад“. Тој сега поради словенечката пропадната фирма, кршејќи ги сите кодекси, удира по својата држава и српската компанија. Веројатно тоа го прави поради политички причини и поради тоа би требало да биде отстранет од Адвокатската комора, бидејќи ги крши прописите – вели извор за Курир.