Тие мислат дека можат да влезат во ЕУ и да ја задржат својата антибугарска реторика. Тоа нема да се случи, изјави министерот за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов во интервју за „БТВ“ за поддршката на Бугарија за членството на Северна Македонија во ЕУ.
Тој прецизираше дека неговата трпеливост кон нашата земја е „одамна исцрпена“.
–Јас добро ги познавам сите македонски политичари, со некои од нив сум пиел ракија. Македонските политичари на маса се добри Бугари, но јавно почнуваат да објаснуваат дека е многу комплицирано – рече Каракачанов.
Бугарија има многу лостови на влијание, вели Каракачанов и додава дека според негово мислење, ,,треба да го искористиме најсилниот и да кажеме „не“ на поканата на Македонија за членство во ЕУ”.
Каракачанов подготви предлог со две опции за позицијата на Бугарија за Северна Македонија и ќе ги презентирал на следната седница на Владата.
–Се разбира, владата ќе биде таа што ќе одлучи – додаде тој.