Утрово околу 6 часот камион влетал во еден од домовите во Дервишага, кај Пожега. Возачот изгубил контрола над воланот, па каминот слетал од патот и удрил во куќа, уривајќи ја речиси целата, пренесува српски „Курир”.
Но, тука не запрел да се движи, ами продолжил кон оградата и кон соседната куќа, во чиј двор конечно застанал.
Сопственичката на срушената куќа вели дека имала среќа што ноќта заспала во кујната. Да отишла да спие во спалната соба не би преживеала.
-Слушнав ужасен удар, куќата ми се затресе и мислев дека е земјотрес. Камион ми ја сруши речиси целата куќа, влетал во собата каде што обично спијам. Имав среќа што гледав телевизија и заспав во кујната, па ете останав жива-рекла сопственичката на куќата.