Регион 31. јануари 2019. / 13:27

Каменос: Ципрас да распише национални избори пред мај

Каменос: Ципрас да распише национални избори пред мај

Ако грчкиот премиер Алексис Ципрас ги задржи во Владата функционерите од партијата Независни Грци по нејзината реконструкција, тогаш ќе имаме војна, рекол лидерот на Независни Грци и ексминистерот за одбрана, Панос Каменос во интервју за „Скај ТВ“. ‘

Кога веќе во парламентот се усвоени некои нацрт закони кои сме ги ветиле на грчкиот народ и земајќи во предвид дека државата вон меморандум и дека може да ги продава своите обврзници, тогаш постојат причини грчкиот премиер да распише национални избори пред мај, рекол Каменос.