Регион 17. јануари 2019. / 13:36

Како на филм: Мигранти запреле воз во БиХ и ги ограбиле патниците

Како на филм: Мигранти запреле воз во БиХ и ги ограбиле патниците

Група од пет мигранти вчера присилно запреле воз, кој сообраќал на релација Бихаќ-Сараево, со помош на рачна кочница на отворена пруга во местото Станари, пренесуваат босанските медиуми.

Според полицијата, инцидентот се случил околу 8:30 часот, а мигрантите побегнале во непознат правец.

По разговори со патниците било утврдено дека мигрантите го запреле возот, од еден патник украле торбица со пари, а од друг патник храна и полнач за мобилен телефон.

Полициските службеници работат на расветлување на случајот.