Претседателoт на Народната партија, Вук Јеремиќ, изјави денеска во Врбас на протестот „Еден од пет милиони” дека „се изброени деновите“ на режимот на Александар Вучиќ и ги повика сите граѓани на Србија на 13 април да дојдат на голем митинг во Белград.
-Иво Андриќ еднаш рече дека ‘доаѓа така понекогаш време кога паметните молчат, будалите зборуваат, а фукарата се збогатува’. Во Белград на 13 април, паметните ќе прозборат,а будалите ќе замолчат и фукарите кои се збогатија ќе мора да го вратат ‘секој денар што го украле од народот- рече Јеремиќ.
Јеремиќ рече дека Вучиќ забрзано ја губи поддршката од народот и дека има сè повеќе луѓе кои не се плашат да кажат дека копнеат за слобода и демократија.
-Со Вучиќ на крај ќе останат само неговиот брат, Тони Блер и Герхард Шредер, Вулин и Јутка. И Жељко Митровиќ ќе остане со него, а на наша страна ќе бидат слободни луѓе од Србија и сите градови во кои граѓаните протестираат. Дојдете и уверете се на 13 април-рече Јеремиќ.
Јеремиќ истакна дека Војводина е „најплодното парче земја“, на потегот од Северното Море до Медитеранот, и има капацитет да нахрани половина Европа.
Јеремиќ рече дека Вучиќ не смее да дозволи во име на државата и на нацијата трајно да се откаже од Косово и Метохија, бидејќи тука нема да биде крајот.
-Потоа, за да ја спаси главата, ќе му бараат уште. Прво да ги пушти мигрантите, па да се откаже од Република Српска па да влезе во НАТО. Барањата нема да завршат, и тој ќе ги исполни во борбата за гол опстанок. Мораме да му застанеме на патот додека не биде предоцна- рече Јеремиќ.