Регион 15. декември 2020. / 13:06

Јапонска инвестиција во Србија вредна 382 милиони евра

Јапонска инвестиција во Србија вредна 382 милиони евра

Српскиот претседател Александар Вучиќ го постави камен темелникот на Тојо Тајерс, првата фабрика за гуми во Европа во новиот погон треба да вработи 537 работници чии плати ќе бидат над просечната плата во Србија. Изградбата на фабриката според најавите, ќе биде завршена до април 2022 година, а се планира годишно да произведува пет милиони Тојо гуми.

Станува збор збор за една од најголемите светски компании за производство на гуми која е основана во 1945 година со седиште во Осака.

Клиенти на нашата фабрика во Србија ќе бидат и Мицубиши, Фолсфаген и БМВ, рече Вучиќ кој потсети дека Србија три и пол години се борела за оваа фабрика во жестока конкуренција со сите европски земји.

Тој кажа дека станува збор за голема инвестиција од огромно значење.

Извозот на Тојо Тајерс ќе биде на ниво од 240 милиони евра, и тоа ќе биде еден од најважните и најмоќните извозници во Србија, рече Вучиќ.

Прецизираше дека станува збор за инвестиција од 382 милиони евра, што е најголема јапонска инвестиција досега во Србија.

Такаши Шимицу, генерален директор на корпорацијата Тојо Тајерс рече дека внимателно ја бирале локацијата, дека конкуренцијата била прејака и дека нашле совршено место во Србија, односно Инџија каде што се гради фабриката.