Регион 15. јануари 2021. / 13:09

Јанша: Се обидуваат Bладата да ја урнат со криминални притисоци, но немаат многу шанси

Јанша: Се обидуваат Bладата да ја урнат со криминални притисоци, но немаат многу шанси

Актуелниот словенечки премиер Јанез Јанша изјави дека не верува дека ќе успее инцијативата што сака со политичко прередување да предизвика пад на неговата владејачка коалиција, а ако тоа на левиот блок сепак му успее, поверојатен исход би биле предвремени избори отколку нова привремена влада.

– Можноста на оваа влада да ѝ се изгласа недоверба постои, но не е голема, кажа Јанша, коментирајќи ги најавите на опозицискиот блок Коалиција на уставниот лак (КУЛ) дека денес во парламентот ќе поднесе барање за гласање за „конструктивна недоверба“ на владата на Јанша и кандидатура на Карл Ерјавец, претседателот на Демократската партија на пензионерите (ДЕСУС) како мандатар за состав на нова влада.

За таквата иницијатива да успее, при можното тајно гласање во парламентот кон средината на идната недела опозицијата би требало да добие мнозинство од гласовите, најмалку 46 пратеници.

Досега, како што призна Ерјавец, имаат само 43, но сметаат дека би можеле да добијат уште неколку од Партијата на модерниот центар (СМЦ), и покрај изјавата на нејзиниот претседател Здравко Почивалшек дека партијата останува во владејачката коалиција со премиерот Јанша.

Би можело евентуално да се случи левицата да успее и да ја урне сегашната конзервативна влада, но во тој случај веројатниот расплет би бил дека новата коалиција за формирање влада не би добила доволно гласови па би морале да се одржат предвремени избори и тоа баш во екот на најголемата епидемиска криза во Словенија која трае со недели, ги предупреди Јанша политичките противници.

Ако таквото негативно сценарио успее, тоа ќе значи дека успеал силниот политички притисок што, според зборовите на Јанша, деновиве се врши врз СМЦ, за да ги добијат гласовите кои ѝ недостигаат до мнозинство за тајното гласање во парламентот.

– Таквиот пад на актуелната влада би бил резултат на нелегални и криминални притисоци, истакна Јанша.