Во сообраќајна несреќа која денеска се случила пред Пеќ повредени се 31 лице, од кои 24 се задржани на лекување во пеќката болница.
Приштинскиот портал kallxo.com објави дека повредените се излетници од Урошевац, чиј минибус излетал од патот.
Наведено е дека од болницата соопштуваат дека ниту еден пациент не е животно загрозен и дека повредените главно имаат скршеници на екстремитетите.