Седумдесет и деветгодишна жена, која претходно била излечена од коронавирусот, е вратена во болницата во Велико Трново, Бугарија, откако се влошила нејзината состојба, јави БНТ.
Жената била пуштена од болница и ставена под домашен карантин на 13 април Сепак, пред неколку дена , таа била повторно примена во болница со позитивен тест за коронавирус.
Жената сега е сместена во изолиран оддел и нејзината состојба е стабилна. Три медицински сестри и една болничар од придружбата имаат позитивен тест на Ковид – 19.
1.097 се потврдени случаи на Ковид-19 во Бугарија според податоците на Националниот оперативен штаб. Од Бугарската акдемија на науките (БАН), предупредија дека Бугарија полека ја губи бтиката со епидемијата и следните денови ќе покажа дали „ќе се симнува врвот или повторно ќе се искачува нов“.