Регион 08. октомври 2018. / 12:26

Иво Јосиповиќ: Резултатите од изборите во БиХ ќе предизвикаат политичка и уставна криза

Иво Јосиповиќ: Резултатите од изборите во БиХ ќе предизвикаат политичка и уставна криза

Поранешниот хрватски претседател, Иво Јосиповиќ се согласува со проценките дека резултатите од осумите општи избори во БиХ, особено во Федерацијата, ќе предизвикаат политичка и уставна криза.

Таква е проценката и на актуелниот хрватски член на Претседателството на БиХ, Драган Човиќ, кој на вчерашните избори беше поразен од претседателот на ДФ, Желко Комшиќ, со кого, како што вели Јосиповиќ, апсолутно се согласува.