Регион 14. јули 2020. / 13:41

Италијански гувернер: Во Србија има корона вирус пострашен од италијанскиот

Италијански гувернер: Во Србија има корона вирус пострашен од италијанскиот

Италијанските медиуми тврдат дека го изолирале вирусот кој во моментов беснее во Србија и утврдиле дека станува за поагресивна и поопасна мутација на вирусот.

Таков наод добиле врз основа на анализите на пациент кој од Србија пристигнал во Виченца и бил веднаш хоспитализиран.

Секвенцинирав примерок од вирусот земен од српскиот бизнисмен и тој е многу пострашен од тој што беше во Италија. Српскиот вирус поинаков, поагресивен – вели гувернерот на Венето, Лука Заја.