Регион 22. мај 2020. / 20:45

Историска временска непогода: Невремето ја удри Србија со сила на термонуклеарна бомба

Историска временска непогода: Невремето ја удри Србија со сила на термонуклеарна бомба

Директорот на српскиот Републички хидрометеоролошки завод (РХЗО), Југослав Николиќ истакна дека невремето пропратено со град што зафати делови од Србија деновиве имало енергија на термонуклеарна бомба.

Николиќ истакна дека невремето, кое не е типично за овие простори, е предизвикано од циклон кој се движел од Медитеранот кон Балканот.

Се создадоа најмоќни можни облаци од бура и градоносни облаци, суперќелијски кумулонимбуси, со врвна висина од над 16 километри, бурен ветер, поројни дождови и град – објасни Николиќ за РТС.

Според него, градот е природна непогода што не може да се спречи со никакви средства и штетата нанесена пред два дена би била поголема доколку не беа истрелани противградните ракети.

Беа истрелани 990 ракети од осум противградни центри. Во Крушевац беа истрелани 610 ракети, што е апсолутен рекорд во последните 40 години на таа станица – информира Николиќ.

Тој оцени дека невремето ја зафатило третина Србија или околу 2,5 милиони хектари.

Од 2,5 милиони хектари погодени подрачја, ние лоциравме градоносни јадра, односно 992.000 хектари, што е област која сигурно ќе беше оштетена доколку немаше заштита – изјави Николиќ.

Тој додаде дека штетата сега се мери во промили, иако на одредени места е апсолутна и драматична за лицата чии имоти беа погодени.