Регион 01. февруари 2019. / 19:25

Исламист од БиХ за силување 12 годишно девојче е осуден на 8 години затвор

Исламист од БиХ за силување 12 годишно девојче е осуден на 8 години затвор

Исламистички екстремист е осуден на 8 години затвор во Сараево , поради сексуално злоставување на 12 годишно девојче.

Исламистот низ центарот на Сараево , во Баш чаршија , се шетал во маица со оснаки на ИСИС. Судот во Сараево го осуди Кенан Кршо , поради киднапирање на дете и сексуален однос со него на особено понижувачки начин.

Тој заедно со Јасмин Зунѓо се осудени зашто во 2017 повеќе денови држеле киднапирано девојче на 12 годишна возраст. Зунѓо е осуден на една и пол година за помагање во вршење кривично дело.

Осудениот исламист бил приведен во Бугарија во 2016 поради сомневање дека бил на боиштата во Сирија како припадник на ИСИС , но во БиХ ова обвинение не било никогаш процесуирано.