Полицијата во Солун уапсила деветмина тинејџери кога во сместувалиште за мигранти избиле немири, наводно поради лошата храна и слабиот интернет.
Полицијата соопшти дека реагирала бидејќи лицата во сместувалиштето палеле душеци и предизвикале значителна материјална штета.
Во хостелот во источниот дел на Солун сместени се 30 малолетни мигранти. Како што објави агенцијата АП, уапсените тинејџери се по потекло од Пакистан.
Се проценува дека во Грција има 2.500 мигранти, кои патуваат без придружба.