Регион 04. април 2018. / 15:41

Им се заканува затвор на демонстрантите кои палеа кабини на автопатот во Албанија

Им се заканува затвор на демонстрантите кои палеа кабини на автопатот во Албанија

Над илјада полицајци го обзбедуваат објектот на Судот и неговата околина во Тирана каде што се одржува судењето на 23 учесници во насилните протести кои се одржаа на автопатот кој ја поврзува Албанија со Косово кај тунелите Калимаш против цените на патарината.

Јавниот обвинител соопшти дека побарал за 11 од нив кои го опожарија блокот на кабини од патарината да се изрече казна затвор.

 

Утрово дојде до судир на полицијата со дел од демонстрантите и пратеници на опозиционата Демократска партија кои ги искршија прозорите на влезната врата на судот .

Во албанскиот главен гред состојбата е тензична бидејки пред судот има и голем број на демонстранти. Медумите јавуваат дека и денеска најголемите опозициони партии во земјата даваат подршка на демонстрантите и ја користат оваа состојба за политилчки поени. Вчера опозицијата побара и неопслушност на граѓаните.