Регион 18. декември 2020. / 15:15

Илјадници луѓе чекаат за влез во Србија пред да стапат на сила новите мерки

Илјадници луѓе чекаат за влез во Србија пред да стапат на сила новите мерки

Километарски колони возила се забележани на граничните премини на влезот во Србија од Унгарија и Хрватска, а причина за тоа се новите мерки, односно задолжителен негативен ПЦР-тест за влез во Србија што стапува на сила од 20 декември.

Граѓаните кои сакаат да влезат во Србија од странство, на различни Фејсбук-групи пријавуваат дека колоните се километарски и дека треба да чекаат три часа.

Камерите на официјалната веб-страница на Авто-мото сојузот на Србија покажуваат големи колони на влезот во Србија од Унгарија, но состојбата не е подобра ниту на граничниот премин со Хрватска.

Новите мерки стапуваат на сила на 20 декември и ќе траат до 10 јануари, а тие значат дека на странците кои сакаат да влезат во Србија ќе им треба негативен ПЦР-тест, не постар од 48 часа, додека српските граѓани доколку го немаат тој тест мора да одат во изолација десет дена.