Регион 12. јануари 2019. / 21:38

И вечерва антивладини протести во Белград (ВИДЕО)

И вечерва антивладини протести во Белград (ВИДЕО)

И вечерва во Белград и во другите градови низ Србија се одржаа антивладини протести.

Под мотото ,,1 од 5 милиони” , насобраните маршираа низ центарот на Белград во знак на протест против политиките на претседателот Вучиќ и неговата влада.

Следниот протест е закажан за 16 јануари , кога се одбележува годишнината од убиството на Оливер Ивановиќ.

Како и до сега , на чело на колоната беа тапани , а по нив камиони со озвучување од кои се слушаше повикот ,,Излези и бори се “ . Колоната помина и пред зградата на националната телевизија со барање да се појави информација за нив на програмата. Таму беа запалени и факели.

Освен во Белград , протести се одржаа и во Ниш, Крушевац , Нови Сад и другите поголеми градови.