40-годишниот Жељко Т. од Србија, убедил жена од Ужице дека сопругот и починал бидејќи на него му била фрлена црна магија. За да ја тргне магијата од неа зел голема сума на пари, а кога жената сфатила дека е измамена пријавила во полиција.
По смртта на сопругот на 36-годишна жена, Жељко и пришол на гробиштата со шокантното тврдење. Тој ги убедувал дека магија е фрлена и на неа и ќерка и и дека тој ќе им помогне, па за тоа од 2015 до 2018 им земал 9.479.200 динари.
Жената по загубата се свестила што се случува и го пријавила Србинот на кој му е одреден 48-часовен притвор.