Повеќе од два милиони Бугари си заминале од државата, а природниот прираст во земјата е негативен, објавуваат бугарските медиуми, а вината ја посочуваат на отворените граници од моментот кога земјата стана земја кандидат за членство во ЕУ.
Според официјалните статистики, во последните неколку години од Бугарија си заминале помеѓу 1.1 и 1.6 милиони Бугари.
Политичарите се обидуваат ова да го оправдаат со тоа што статистиките ги извртуваат со зборови, тврдејќи дека во странство живеат и втора генерација на иселеници, иако во земјата се случува национална катастрофа од недостаток на млади и работоспособни луѓе.
Сличен ефект имаше и Хрватска, која се соочи со енормен одлив на работоспособно население, додека во земјата драстично поскапува животот, а платите остануваат на истото, ниско ниво.