Регион 22. април 2020. / 10:01

И Бугарија со над 1.000 заболени од корона вирусот, уште две нови жртви

И Бугарија со над 1.000 заболени од корона вирусот, уште две нови жртви

Во последното деноноќие во Бугарија се регистрирани нови 49 заболени лица од корона вирусот со што е надмината бројката од 1.000 заразени. Вкупниот број регистрирани сега изнесува 1015 лица, соопшти на утринскиот брифинг Националниот оперативен штаб.

Во истиот период починале две лица-една 77-годишна жена и 49-годишен маж. Вкупниот број починати се искачи на 47 лица.

До сега во Бугарија од корона вирусот се излекувани 174 лица.