Регион

И Албанија и Грција ќе ги закопаат секирите: Спогодбата за решавање на проблемите ќе се потпише на Самитот на ЕУ

И Албанија и Грција ќе ги закопаат секирите: Спогодбата за решавање на проблемите ќе се потпише на Самитот на ЕУ

Mинистрите за надворешни работи на Грција и Албанија, Никос Коѕијас и Дитмир Бушати на островот Родос го утврдиле конечниот текст на Спогодбата помеѓу Албанија и Грција околу решавањето на отворените прашања меѓу двете држави.

Документот се очекува да се потпише на Самитот на ЕУ кој ќе се одржи на 28 и 29 јуни, од премиерите Еди Рама и Алексис Ципрас. Истите извори додаваат дека и покрај тоа што веќе е се договорено во Спогодбата, сепак поради тоа што во неа Атина одбила да внесе и одредба околу позицијата на Чамите, можно е да дојде до проблеми со ставот на претседателот на Албанија, Илир Мета, пишуваат албанските медиуми.

Медумите во Тирана оценуваат дека во спогодбата е договорена морската граница на Грција и Албанија, потоа се укинува законот за војна што по втората светска војна Атина го има усвоено за воена состојба со Албанија, а има и решение околу правата на грчкото малцинство во Албанија.

Сепак, медиумите информираат дека нема точни информации за начинот на решaвање на отворените прашања на Атина и Тирана бидејќи текстот на спогодбата го нема во јавноста.

Претходно, албанската опозиција остро ја критикуваше Владата на Еди Рама за попустливоста на Тирана во преговорите со Грција.