Ако продолжи да се смирува ситуацијата со корона вирусот, Хрватска во јуни би можело да оствари десетина проценти, а според оптимистите и до 30 отсто од туристичкиот промет од истиот период лани, кога земјата ја посетија малку повеќе од три милиони туристи и имаше околу 15 милиони ноќевања, пишува „Вечерњи лист“.
Според весникот, хрватските хотелиери регистрираат се помалку откажувања на резервации, а некои дури пријавиле извесен пораст во резервациите.
Хотелите во Хрватска во оваа етапа се делумно отворени.
Мразот сега во мај ќе го пробијат деловните гости и сопствениците на викендички, пловила и нешто малку камп приколки затоа што камповите допрва почнуваат да се отвораат – пишува хрватскиот весник.