Регион 03. јули 2018. / 15:58

Хрватска со предупредување до туристите: Капење никако во овој дел

Хрватска со предупредување до туристите: Капење никако во овој дел

Заводот за јавно здравство на Дубровско-неретванската жупанија издаде соопштение во кое предупредува дека фекалиите го загадиле морето во дубровското крајбрежје Пиле.

„Преку лабораториска анализа докажано е дека има фекалии во морето. Со оглед на тоа дека станува збор за незадоволувачки квалитети, за за овие анализи се известени и надлежните инспекциски служби (санитарна инспекција, водоправна и инспекцијата за заштита на околината).

Препорака од Заводот за јавно здравство е додека не се исчисти морето, споменатата локација да не се користи за капење и рекреација.