Регион 09. октомври 2018. / 10:13

Хрватска нема да се меша во дијалогот Белград-Приштина

Хрватска нема да се меша во дијалогот Белград-Приштина

Хрватската претседателка, Колинда Грабар-Китаровиќ изјави дека Белград и Приштина треба да бидат поддржани на нивниот европски пат.

„Во разговорите помеѓу Белград и Приштина, Хрватска нема да се меша, но ќе ги следи и охрабрува“, порача Грабар-Китаровиќ по разговорите со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Загреб.

Агенцијата „Хина“ пренесе дека хрватската претседателка истакнала дека сите земји членки на ЕУ мораат да ги задржат Косово и Србија на патот на преговорите. Таа додала дека Хрватска ќе се залага за присуство на КФОР во Косово, се додека има потреба од тоа.