Регион 04. февруари 2020. / 10:20

Хрватска меѓу шест земји од ЕУ во кои платите се пониски отколку пред 10 години

Хрватска меѓу шест земји од ЕУ во кои платите се пониски отколку пред 10 години

Хрватска е меѓу шесте земји од Европската унија во која работниците во просек се платени помалку отколку пред десет години, покажуваат објавњените резултати на Институтот на европски синдикати.

Во период од 2010 до 2019 година во Хрватска просечниот пакет плати прилагоден на инфлацијата, вклучително и придонесите за социјално осигурување и додатоците на плата, е намален за пет отсто.

Новите резултати на Институтот покажуваат дека просечните пакет плати се намалени во Италија, за два отсто, Шпанија и Португалија, по четири отсто, на Кипар, за седум отсто, како и во Грција, за 15 отсто.

Дополнително е соопштено дека просечните пакет плати во истиот период речиси стагнирале или пораснале за 0,1 отсто во Финска и по 1,5 отсто во Белгија и Холандија.

– Работниците во шест земји од ЕУ се во полоша состојба отколку пред 10 години. Челниците на ЕУ сакаат да зборуваат за таканаречена обнова, но за милиони работници во многу земји од ЕУ кризата не е завршена, рече заменичката на генералниот секретар на Европската конфедерација на синдикати Естхер Линч.