Големиот едреник , долг 60 метри , што се вика Јадран во моментов е дел од флотата на Црна Гора во Тиват. Хрватска бара да и се врати бродот , но Црна Гора решително одбива.
Ова недоразбирање е толку сериозно , што Хрватска се закани дека ќе го блокира членството на Црна Гора во ЕУ.
Пред војната , бродот бил усидрен во пристаништето во Сплит , а потоа однесен во 1990 во Црна Гора на поправка. Хрватска тврди дека бродот од секогаш бил во Сплит и мора да се врати зашто е нелегално одземен.
Црна Гора , пак , аргументира дека со договорот по војната во 90 – тите целата воена опрема и средствата остануват во државите каде што се нашле. Додаваат дека во 2013 владата на Црна Гора вложила значајни средства во реновирање на едреникот , кој во минатото бил школски брод за обука во Кралството Југославија.