Регион 20. декември 2020. / 22:40

Хрватска го прекинува авиопревозот со В. Британија поради новиот вид на коронавирус

Хрватска го прекинува авиопревозот со В. Британија поради новиот вид на коронавирус

Хрватска се приклучува кон земјите кои привремено го прекинуваат воздушниот сообраќај со Велика Британија поради појавата на нов вид коронавирус, потврди премиерот Андреј Пленковиќ на Твитер.

Со оглед на новите откритија за побрзиот интензитет на ширење на # COVID19 во Велика Британија, Хрватска привремено ќе го прекине воздушниот сообраќај на патниците од Велика Британија за 48 часа, сè додека не бидат наведени информации за евентуален нов вид на вирус. Приоритет е да се заштити здравјето на граѓаните, напиша Андреј Пленковиќ .

 

Покрај Хрватска, и Франција од недела на полноќ ќе ги прекине сите патувања, вклучително и транспортот на стока по пат, авион, море или железница, објави владата во Париз.