Регион 12. август 2020. / 10:38

Хрватска добива од ЕК речиси 89 милиони евра помош поради земјотресот

Хрватска добива од ЕК речиси 89 милиони евра помош поради земјотресот

Европската комисија денеска соопшти дека Хрватска ќе добие околу 88,9 милиони евра помош за опоравување од земјотресите кои го погодија Загреб во март.

Ова го соопшти европската комесарка за кохезија и реформи Елиса Фереира истакнувајќи дека овие пари се наменети за Хрватска од европскиот Фонд за солидарност, пренесува ЕуОбсервер.

Хрватска и нејзиниот главен град доживеаа една од најтешките природни катастрофи во повеќе од еден век, а која предизвика штета и нарушување, изјави Фереира.

Хрватската престолнина утрото во 6:23 часот на 22 март годинава ја погоди силен земјотрес со јачина од 5,5 степени по Рихтер, најјак во последните 140 години. Материјалната штета беше голема, а најмногу настрадаа старите градски јадра, особено куќите постари од 100 години.