Регион 12. јануари 2021. / 10:17

Хоти: Без взаемно признавање Приштина повторно ќе воведе реципрочни мерки кон Белград

Хоти: Без взаемно признавање Приштина повторно ќе воведе реципрочни мерки кон Белград

Премиерот на Косово, Авдулах Хоти, се закани дека Приштина повторно ќе воведе реципрочни мерки кон Белград, доколку процесот на дијалог не заврши со договор за заемно признавање.

По средбата со политички претставници на Албанците од југот на централна Србија, Хоти рече дека Приштина има право да му се одмазди на Белград за секоја мерка што, како што тврди, ја применува Белград, пренесува Гласот на Америка.

„Но, верувам дека со помош на меѓународни партнери, со кои сме вклучени во овој процес, нема да има потреба да одиме по тој екстремен пат. Секојдневно напредуваме кон конечен договор”, рече Хоти.

За време на состанокот во Приштина, тој со претставниците на Албанците од југот на централна Србија ја претстави програмата за работа на неодамна формираната Канцеларија на Владата на Косово за Прешевската долина, односно три општини на југот на централна Србија, во кои живеат припадници на албанското национално малцинство.