Регион 12. март 2020. / 17:15

Хотелиерите во Србија загрозени од Ковид-19: Неостварен профит од два милиони евра

Хотелиерите во Србија загрозени од Ковид-19: Неостварен профит од два милиони евра

Туризмот и авиотранспортот во Србија се најмногу погодени од епидемијата на новиот корона вирус, порачано е на конференцијата за влијанието на Ковид-19 врз работата на српската хотелска и ресторанска индустрија.

Посочено е дека се загрозени голем број хотели, отпуштени се првите луѓе во хотелите, како и дека се откажани сите хотелски настани. Се проценува дека се откажан 8.765 ноќевања и 27.828 групни ноќевања, а неостварениот профит засега изнесува околу два милиони евра.

Хотелиерите решија да преземат одредени мерки, меѓу кои е и намалување на данокот на храна и пијалоци во хотелите од 20 на 10 проценти, како и да побараат директна помош за некои хотели