Регион

Хорор во Србија: Свекор пукал во бремената снаа

Хорор во Србија: Свекор пукал во бремената снаа

Целото семејство претрпело шок од настанот, а посебно нејзините две деца на возраст од десет и осум години, кои од страв скокнале од прозорецот.

Седумдесет и петгодишен маж од Србија пукал со ловечка пушка во бремената снаа, пренесува српски „Курир”.

За среќа, таа поминала без повреди. Целото семејство претрпело шок од настанот, а посебно нејзините две деца на возраст од десет и осум години, кои од страв скокнале од прозорецот.

Односот помеѓу старецот и синот и неговото семејство не бил добар ни претходно.

Синот го опишал таткото како насилник кој често ја малтретирал и неговата мајка. Никој никогаш не го пријавил за насилството во семејството.

-Човекот би можел да живее убаво, има две внучиња, на пат е и третото, но тој постојано сака да се расправа и да провоцира – рекол таткото на снаата.