На 54-годишен човек од околината на Житораѓе, Србија му било одредено задржување во полициска станица до 48 часа, бидејќи со секира ги нападнал ќерката и синот, пренесува српски „Курир”.
Како што соопштила полицијата во Прокупље, тој се расправал со своето семејство, кога одеднаш ја зел секирата и ги нападнал децата.
Полицијата интервенирала и напаѓачот бил уапсен поради семејно насилство.