Регион 19. април 2019. / 12:42

Хорор во соседството: Брат и сестра пронајдени мртви, недостасувале делови од телото

Хорор во соседството: Брат и сестра пронајдени мртви, недостасувале делови од телото

Брат и сестра во постари години се пронајдени мртви кај село Водица во Босна и Херцеговина, пренесуваат тамошните медиуми.

Станува збор за Милка и Недељко Илиќ, кои живееле сами во шумска куќа оддалечена од останатите луѓе на ова место.

Жената е пронајдена во куќата, а нејзиниот брат пред градбата.

Наводно таа е пронајдена како лежи на каучот, а тој пред куќата. Се зборува оти неговото тело е обезглавено и му недостасуваат делови. Најверојатно ги изеле животните, нивната куќа е навистина зафрлена во шумата – рекол извор.

За братот и сестрата се зборува оти воделе прилично неуреден живот, а неретко биле видени и како одат или стопираат и во соседните општини.