Босанската полиција распиша потерница за малолетен мигрант од Пакистан кој е заразен со вирусот ХИВ и е пријавен за силување во Бихаќ.
Се претпоставува дека мигрантот ја напуштил БиХ, бидејќи од 8. февруари му се губи секаква трага, пренесуваат босанските медиуми.
Полицијата обвинува дека надлежните служби требало да спроведат целосен надзор над тоа лице и да го депортираат, но тоа не се случило.
Инаку на 10. декември минатата година, една жена од Бихаќ пријавила дека тој мигрант ја силувал, а подоцна тоа дело се квалификувало како полов напад на немоќна личност со оглед на психофизичката состојба на жртвата.
По идентифиакцијата на напаѓачот, тој бил спроведен во болницата во Сараево, каде бил лечен, а потоа го презеле припадниците на Службата за работи со странци.
Потоа мигрантот бил однесен во центарот од каде што требало да биде депортиран, но успеал да избега.