Регион 12. јули 2019. / 18:08

(Хорор ВИДЕО) Со огромна брзина се заби во возилото пред себе на наплатна рампа

(Хорор ВИДЕО) Со огромна брзина се заби во возилото пред себе на наплатна рампа

Несреќата се случила на наплатна рампа во Хрватска, на патот А4, а тешко повредени се три лица.

Возилото кое ја предзивикало несреќата со полна брзина се забило во возилото пред себе, во кое се наоѓале татко, мајка и нивното дете. Тие се тешко повредени и се наоѓаат во индуцирана кома.

Возилото бе-ем-ве поради неприлагодена брзина се забило во шкодата, која го чекала својот ред. Од силината на ударот шкодата одлетала во бетонскиот ѕид, а потоа и во наплатната куќарка.

На пожарникарите им требале 45 минути од смачканата шкода да ги извадат родителите и детето.